Блиц свет x4

Блиц светот ги следи правилата и механиката на ИО 'Ера на Освојувања', но брзината на игра е помножена со 4, тоа значи дека развојот на профилите е 4 пати побрз од оној во свет со нормална брзина. Времетраењето на ерата е околу 4 месеци (помеѓу 3 и 4 месеци), а датумот на крајот на ерата се одредува од администрацијата на Империја Онлајн. Листата подолу ги претставува карактеристичните особини и акценти коишто сите учесници во блиц свет x4 треба да ги имаат во предвид додека играат:

Економија

  • Производство х4 - 4 пати поголемо количество ресурси произведени за 1 час на основа на 100 работници, имено - 40 дрво/ 8 железо/ 20 камен.
  • Приход на злато х4 - 4 пати поголемо количество злато, извлечено како данок за 1 час од 100 работници, имено:
    • Второ ниво (многу низок) - +4 злато
    • Трето ниво (низок) - +8 злато
    • Четврто ниво (среден) - +12 злато
    • Петто ниво (висок) - +16 злато
    • Шесто ниво (многу висок) - +20 злато
  • Прираст на население x4 - бројот на население се зголемува 4 пати побрзо, но лимитите на население кај Номадите и капацитетите на куќите кај Империјаните остануваат исти.
  • Брзината на игра не влијае врз Задоволството.
  • Брзината на светот не влијае врз миграцијата.
  • Времето за изградба и истражување е поделено со 4.
  • Моменталната изградба е достапна ако преостануваат само 48 часа, а моменталното истражување - 12 часа*.
    * Ова е основниот лимит. Колку е повисок развојот, нето економските поени и бројот на потрошени дијаманти за моментално истражување, толку е повисок и лимитот.
  • Транспортот на ресурси помеѓу припоените провинции додека има напад одзема 5 минути. Во мирни времиња, може да биде моментален.
  • Каматите од банката се ограничени до 12 000 000 на ден.
  • Кредитите од банката се со 4 пати поголеми количества, а периодот за исплаќање е 168 часа.
  • Платеното 10-часовно производство може да се прими на секои 24 часа. Применото количество ресурси е 4 пати поголемо од она во свет со нормална брзина, бидејќи производството е x4, а цената останува иста - 1700 дијаманти.
  • Патувањето на колонизаторите кон претходно посоченото место за колонија е 4 пати побрзо, но изградбата на колонијата останува 12 часа.

Војска

  • Времето за обука на единиците е 4 пати пократко.
  • Брзината на единиците е 4 пати повисока.
  • Издржувањето е 4 пати поголемо.
  • Најкратката мисија во мирни времиња е 10 минути до активни играчи и 2 и половина минути до напуштени империи.
  • Патувањето помеѓу припоени провинции и до независни провинции одзема 2 и половина минути додека има напад; 1 минута и 15 секунди, ако напаѓа непријател од непријателски сојуз, или може да биде моментално во мирни времиња.
  • Периодот на затишје на независните провинции во кои сѐ уште има ресурси е 4 пати пократок.
  • Провинција може да биде ограбувана еднаш на секои 42 часа. 4 грабежи може да бидат извршени од еден играч на секои 24 часа.
  • Капитулацијата трае 42 часа. Играч “а” има право да капитулира од играч “б” само ако 12 часа пред капитулацијата “б” го нападнал “а” најмалку еднаш, а “а” не го нападнал “б”.
  • Автоматски генерираната чест е +3 за Офицери-Дипломати и 2 за сите други играчи.

Дипломатија

  • Стадиумите на Статусот на Лојалност се поделени со 4, па соодветните специјални бонуси и бонуси за Задоволство се добиваат 4 пати порано во ерата.
  • Времетраењето на војна е 42 часа. Но, периодот на затишје помеѓу објавување и активирање на војна останува 8.
  • Најкратка мисија во војна е 10 минути.
  • Една провинција може да биде ограбувана на секои 21 часа во војна.
  • Периодот на затишје (без напади) на новоосновани/освоени сојузни поседи и понатаму е 12 часа.
^