Добредојдовте во ИО II \"Ера на освојувањe\"Веб базирана масовна онлајн средновековна стратешка игра во реално време!

Welcome to Imperia Online

Империја Онлајн 'Ера на Освојување' Ве води во светот кој постоел пред ерата на барутот. Свет на остри мечови, долги лакови и воени коњи. Време на политички интриги, огромни средновековни битки на поле, опсади на Тврдини со катапулти и требучети, тешки коњаници што уништиваат цели армии, грабежи на цивилно население, илјадници загинати војници во една битка. Време на легендарни војсководци кои уништуваат богати и економски понапредни кралства. Време на моќни сојузи кои се борат едни против други за целосна доминација во светот. Добредојдовте во средновековен свет, далеку од Вашите најлуди соништа!

Империјата Ве Очекува!

Локација

Се наоѓате на огромен континент со место за повеќе од 40 000 Империи кои не го започнуваат својот развој под еднакви услови, затоа што се водени од две различни раси - Империјани и Номади. Секоја од нив има свои привилегии и минуси коишто наметнуваат определен вид игра - одбранбен, фармерски стил или напаѓачки, воено ориентиран. При регистрација може да изберете на која раса ќе се придружите со оглед на стилот на игра кој би Ви донесол најмногу задоволство и успех.

Секоја Империја има вкупно 19 достапни провинции, готови да бидат: нападнати (Опсада на Тврдина), претворени во вазал или припоени.

Ниту еден играч не може да контролира туѓа провинција. Единствено има право да ги напаѓа, уништувајќи им ги Тврдините или да ги ограбува, колејќи го цивилното население. Истражувањата и останатите градби не можат да се уништат или одземат.

Освен териториите на својата сопствена Империја, оние на Мапата на Империјата, располагате и со точки по Глобалната Мапа, еднакво достапни за сите, но со различна предназначеност:

  • За основање Колонии - најбројните точки, расположени по случаен принцип и наменети за колонизирање од индивидуален играч.
  • За градење на Сојузен Замок и поставување основи на културно и воено влијание на Сојузот по Глобалната мапа. Бројот на овие точки е ограничен. Тешко е да се освојат, контролираат и штитат од непријателите.
  • За градење на Собирен пункт, тука се собира сојузната војска и служи како почетна точка за секоја воена сојузна мисија.

Почетна Империја

Секој играч ја започнува ерата со една припоена провинција во село коешто детално може да биде разгледано кога ќе се помине со глушецот преку сите градби.

Impirian Village Тврдина - најважната градба во провинцијата. Куќи Фарми Пилана Рудник за Железо Каменолом Градски Центар Универзитет Таверна Банка Пазар Транспортна Станица Касарни Храм Градски Плоштад
Nomads Village Тврдина - најважната градба во провинцијата. Куќи Фарми Пилана Рудник за Железо Каменолом Градски Центар Универзитет Таверна Банка Пазар Транспортна Станица Касарни Храм Градски Плоштад

Тврдина - најважната градба во провинцијата.

Напаѓачот треба да ги сруши ѕидовите на Тврдината за да ги заплени Вашите ресурси.

Во неа може да се постават стрелци во гарнизон. Додека се во гарнизон, тие нанесуваат 3 пати повеќе штета на напаѓачките војски од обично.

Секое ниво Тврдина доделува 10% бонус на производството на ресурси во провинцијата.

Ако биде уништена може да се поправи за 1/3 од нејзината цена во камен.

Куќи

Го зголемуваат лимитот на население во провинцијата.

Многу важни градби ако се земе во предвид фактот дека населението ги произведува сите ресурси во Империјата и колку повеќе население имате толку повеќе вработени селани ќе има, а со тоа и повеќе достапни ресурси.

Достапни само за Империјаните. Лимитот на население кај Номадите е фиксен и не може да се надмине, освен преку активирање Премиум.

Фарми

Ги намалуваат загубите на население поради недостиг од храна.

Пилана

Го претвора суровото дрво во материјал за градба - со широка употреба во изградбата на градби, истражувања и регрутација на војска.

Повеќе вработени селани - повеќе произведени ресурси.

Рудник за Железо

Од клучно значење е за подготовка на Војската и за повеќето воени Истражувања.

Тоа е ресурсот којшто најтешко се добива и за него се потребни најмногу вработени.

Каменолом

Вработените работници овде произведуваат камен - основен материјал за изградба на Тврдини.

Градски Центар

Овде може да се видат сите градби.

Универзитет

Ги покажува сите истражувања, економски и воени, нивните надоградени нивоа, потребните ресурси за активирање на следните нивоа и времето потребно за собирање на соодветниот ресурс, дозволува порачување на оние истражувања за кои има доволно ресурси.

Таверна

Овде може да играте Игра на Среќа со купување талони и да освоите злато; можете и да се коцкате (џандар или повеќе, рулет и блек џек) и да си ја пробате среќата (и златото) против крчмарот.

Банка

Постојат 3 вида кредит: мал, среден и голем. Нивната достапност зависи од нивото на Банкарство (секое наредно ниво отвора по еден вид кредит, т.е. ако имате 3 нивоа Банкарство може да земете и голем кредит).

Секое ниво Банкарство, после четвртото, обезбедува камата на достапното злато за +1% на 24 часа на златото кое е складирано во ризницата на престолнината. Максимално ниво - 14. Максимална камата за 24 часа - 3 000 000 (125 000 на час).

Пазар

Овде се извршува секоја трговија.

За да се купи нешто, тоа мора да е понудено од друг играч.

Понудата е активна 48 часа и ќе се појави на пазарот во рок од 5 до 10 минути, после објавувањето.

Првите 5 најповолни понуди за секој ресурс се покажуваат во менито 'Купување'.

После истекувањето, понудата се враќа кај сопственикот во провинцијата од каде што била објавена.

За објавување понуда се зема фиксна провизија 10%.

Основната провизија е 20%, но може да биде намалена преку истражување Трговија. Секое ниво, после првото, ја намалува трговската провизија за 2% по ниво. Максимално ниво Трговија - 11.

Пазарот може да се изгради во сите провиниции, лимитите и капацитетите на неговите нивоа се стриктно индивидуални за секоја провинција.

Тој го контролира бројот понуди што играч може истовремено да ги објави и нивната максимална големина. Секое ниво го зголемува бројот на понуди за 1 и максималната големина - двојно, во споредба со претходното ниво, при основа 2000. Сумата на капацитетите на сите градби Пазар во сите провинции, го одредува количеството ресурс што може да биде објавено на Пазарот само кога Империјата не е под напад. Под напад лимитите и капацитетите, дозволени од определено ниво на Пазарот, се строго индивидуални за секоја провинција.

Транспортна Станица

Транспортира ресурси помеѓу припоените провинции.

Со активирање Премиум се зголемуваат капацитетите на сите Транспортни станици.

Касарни

Центар за регрутирање војска.

Храм

Верско засолниште на населението.

Доделува задоволство на секои 24 часа.

Градски Плоштад

Обезбедува простор за организирање фестивали кои моментално или постепено го зголемуваат Задоволството на населението во соодветната провинција. Секое ниво го зголемува ефектот од Задовослтвото од Феситвали за 1 за мал и 2 за голем фестивал. Максимално ниво - 10.

Дозволен е по еден фестивал од секој вид за 24 часа.

Први чекори

  • Одржувајте го прирастот на население преку градење Куќи. Обидете се да не го достигне лимитот бидејќи на овој начин прирастот комплетно се блокира.
  • Намалувајте ги загубите на население поради недостиг на храна, преку изградба на Фарми.
  • За почеток, изградете барем 5-6 нивоа Пилана.
  • Вработете ги сите работници да произведуваат дрво.
  • Извлекувајте данок од вработеното население. Би било разумно да не започнете со многу висока даночна стапка бидејќи тоа веднаш негативно ќе се одрази на Задоволството на населението во почетната фаза од развојот на Империјата кога преземањето на потребните мерки за зголемување на Задоволство е тешко да си ги дозволите.
  • Кога ќе изградите 4-то ниво Куќи, започнете Тврдина ниво 1.
  • Тврдина 1 води до Универзитет 1 и потоа - Архитектура 1. Овие две истражувања се клучни, со оглед на фактот дека тие ја намалуваат цената за градба и времето за истражување и градби, соодветно.
  • Истражете прво ниво Трговија за да можете пофлексибилно и оптимално да ги употребувате сѐ уште малите количества достапни ресурси.
^